Роналдо го тргна главниот спонзор на ЕП и порача: Пијте вода (видео)

Кристијано Роналдо, капитенот на Португалија, на денешната прес-конференција во пресрет на дуелот против Унгарија покажа колку не ги сака газираните сокови.

Имено, Роналдо ги тргна од масата шишињата на главниот спонзор на ЕП, пијалокот „кока-кола“, кои стоеја пред него. Цинично се насмеа изговорајќи го името на пијалокот, па посегна по своето шише вода и викна „аква“, нагласувајќи да се пие вода, наместо газирани сокови.

Здравата исхрана и изоставувањето од ваков тип задоволства се одлика на Португалецот, особено што на своите деца им има забрането да конзумираат газирани пијалоци.

- Оглас -

Најнови вести