Роналдо го учи Ѓоковиќ како да скока (Видео)

Паузата околу Божиќ и Нова година многу спортисти ја користат за одмор, но за амбициозни од типот на Новак Ѓоковиќ и Кристијано Роналдо нема класичен одмор, туку секој момент го користат за тренинг и одржување на формата. Двајцата се при врвот во своите спортови, за многумина се и најдобри, но не сакат да бидат втори, туку само први.

Фудбалерот на Јувентус, кој е во Дубаи, објави клип на кој се гледа како тој и Ѓоковиќ тренираат заедно, а Португалецот се пофали дека „го учел Србинот како да скока повисоко“. За скокачките квалитети на 34-годишниот Роналдо неодамна се уверија во Сампдорија.

Еве како изгледа кога Ноле и Кристијано тренираат заедно:

- Оглас -

Најнови вести