5.8 C
Skopje
понеделник, 3 ноември 2025

Роналдо го жестока критика: „Златната топка“ е фикција!

Најдобриот стрелец во историјата на фудбалот и најпопуларен човек на светот според бројот на следбеници на социјалните мрежи, Кристијано Роналдо, жестоко го критикуваше изборот за „Златна топка“.

Роналдо пет пати (последен пат во 2017 година) во кариерата беше добитник на ова признание кое го доделува магазинот „Франс фудбал“ врз основа на гласови на новинари од Европа. Годинава, Португалецот не е ни меѓу 30-те кандидати, иако беше прв стрелец во саудиската лига и со репрезентацијата ја освои Лигата на нации.

„Златната топка за оваа година? За мене, тоа е фикција“, изјави Роналдо кој не верува дека ова признание ја рефлектира реалноста.

Годинава главни фаворити за признанието се Усман Дембеле и Ламин Јамал. Роналдо го критикуваше и ланскиот избор кога победи Родри.

„Не верувам веќе во индивидуални награди, сите знаеме што се случува зад сцената“, рече тогаш Роналдо.

- Оглас -

Најнови вести