Кристијано Роналдо дефинитивно ќе биде запамтен како еден од најдобрите фудбалери во историјата. Тој и Лионел Меси водат повеќе од еднодецениска „војна“ за тоа кој е подобар на фудбалскиот терен. Во многу статистики се водат пресметки кој е подобар, а интересно е тоа што Роналдо станува немоќен кога се работи за ударите надвор од шеснаесетникот.
Португалецот едноставно како да заборавил да дава голови од далечина. Последен пат кога Роналдо погодил надвор од казнениот простор е во октомври 2018 година, кога во дресот на Јувентус погоди во дуелот против Емполи. Кога се работи за гол даден од слободен удар, постот на Роналдо е уште подолг.
За разлика од Роналдо, во изминативе шест месеци Меси има постигнато дури 14 голови надвор од противничкиот шеснаесетник.