Фудбалерот на Јувентус, Кристијано Роналдо, по триумфот над Атлетико Мадрид, кога тој беше јунак и главна ѕвезда со три гола, знае колку случувањата ги израдуваа и фановите на Реал Мадрид, па Португалецот, кој е прв стрелец во историјата на Кралскиот клуб, им испрати поздрав преку шпанските новинари.
Роналдо работите кои ги правеше во Реал сега продолжи да ги прави и во Јуве, тој е вистински „крал“ на Лигата на шампионите и заслужи да блеска од среќа. На Кристијано, Реал му е во срцето, но имаше недоразбирања со претседателот Флорентино Перес и си замина.
„Поздрав до вашата емисија. Им испраќам гушки на Ронсеро и сите на кои Реал Мадрид им е во срцето“, порача насмеаниот Роналдо откако се прегрна со новинарот на телевизиското шоу „Ел Чирингито“, а специјално го поздрави познатиот Томас Ронсеро, кој е најголем фан на Реал меѓу шпанските новинари.