Нов кикс на Ал-Наср и Кристијано Роналдо. Тие попладнево не успеаја да го совладаат Ал-Калеј на домашен терен и одиграа само 1-1 во мечот на кој второто полувреме беше продолжено за дури 11 минути.
Мечот за Ал-Наср започна лошо, бидејќи Фабио Мартинс донесе водство за Ал-Калеј уште во 4-тата минута.
За 1-1 стрелаше Алваро Гонзалес во 17-тата минута, што на крајот се покажа и како конечен резултат на овој натпревар.
Ал-Наср останува на втората позиција со два бода помалку од Ал-Итихад, кој вечерва ќе го игра својот натпревар од 26-тото коло на првенството на Саудиска Арабија.
Кристијано Роналдо и неговиот клуб сега веќе може да стравуваат и за втората позиција на табела, бидејќи Ал-Шабаб има четири бодови помалку, но и натпревар помалку од Ал-Наср.