Торган Азар е јунакот на белгиската репрезентација, со неговиот гол во финишот на првото полувреме Белгија ја победи Португалија со 1-0 и се најде во четвртфиналето на ЕВРО 2020, каде што ќе има дуел со Италија, а Европа ќе добие нов првак.
Белгијците 32 години немаа победа над Португалците и конечно го направија тоа, а Торган Азар стана прв Белгиец кој дал гол на две европски првенства по ред.