Роналдо и Ферги во прегратка: Мило ми е што си во добра форма, шефе! (фото)

Средбата меѓу Манчестер јунајтед и Јувентус на „Олд Трафорд“ беше посебна од повеќе причини. Прво, тоа беше пресметка на фудбалски великани, Роналдо се врати на „Театарот на соништата“, Погба прв пат играше против „својот“ Јуве.

„Старата дама“ замина со цел плен од Манчестер, Дибала ја направи разликата. Меѓутоа, посебен момент се случи и по завршувањето на натпреварот. Имено, Кристијано Роналдо не ја испушти шансата да се види со Сер Алекс Фергусон, менаџерот кој го донесе во Јунајтед во 2003 година и му помогна да стане еден од најдобрите фудбалери во светот.

Роналдо на социјалните мрежи објави фотографија како е во прегратка на Ферги, порачувајќи: „Голем тренер, но, пред сè, прекрасен човек. Ме научи многу работи на теренот, но и надвор него. Мило ми е што те гледам во добра форма, шефе!“, стои во пораката на Роналдо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести