Канадската фудбалерка Кристин Синклер дојде до бројка од 185 погодоци во дресот на националниот тим на својата земја и со тоа постави нов рекорд. Синклер даде два гола во победата на Канада од 11-0 против Сент Китс и Невис и тоа беше доволно за да избие на првото место на вечната листа.
За споредба, во машка конкуренција најдобар е Али Даеи од Иран со 109. Кристијано Роналдо има 99 гол за Португалија и може да го загрози Иранецот, а, на пример, Лионел Меси за Аргентина има „само“ 70 гола.
Синклер, која има 36 години, за канадската селекција има дури 290 настапи. Дебитирала пред 20 години и има четврто место на СП 2003 и бронзен медал од Олимписките игри во 2012 година.