Големото градско дерби во Ријад помеѓу ѕвездените состави на Ал-Наср и Ал-Хилал заврши нерешено 1-1, и ова е прв меч сезонава (поминаа 9 кола) за првакот Ал-Хилал на кој тимот не победи во саудиската лига.
Кај Ал-Хилал го немаше Нејмар, а голот го постигна Сергеј Милинковиќ-Савиќ во 78-ма минута кој со тоа малку ја покри прилично слабата игра на неговиот сонародник Александар Митровиќ кој е прв стрелец во лигата со 10 гола.
Ал-Наср чекаше голови од Кристијано Роналдо, но погодокот за нив беше дело на Бразилецот Талиска уште во првата минута.
Ова е голот на Сергеј со кој го спаси Ал-Хилал од пораз:
https://twitter.com/i/status/1852436658127593659