Роналдо и на 38 години соборува рекорди и го надмина Халанд

Кристијано Роналдо продолжува да испишува историја и во синоќешната убедлива победа на неговата Португалија од 5:0 против БиХ, тој стана фудбалер со најмногу постигнати голови годинава.

Роналдо во победата учествуваше со два гола, со што дојде до бројката од 40 постигнати голови во 2023 година, надминувајќи го напаѓачот на Манчестер сити и на репрезентацијата на Норвешка, Ерлинг Халанд, кој досега годинава 39 пати се запишал во листата на стрелци.

Третата голема напаѓачка ѕвезда, Килијан Мбапе, има постигнато 35 гола годинава. Лионел Меси досега има постигнато 26 гола во 2023 година.

https://twitter.com/TimelineCR7/status/1713995405585748324

Роналдо 31 гол постигна за саудискиот Ал-Наср, додека девет гола даде за репрезентацијата на Португалија.

Исто така, Роналдо со четири гола во октомвриските квалификациски мечеви за пласман на ЕП 2024 година против Словачка и БиХ дојде до бројката од 127 гола во репрезентативниот дрес, што претставува апсолутен рекорд.

- Оглас -

Најнови вести