Роналдо и Нејмар би можеле да играат заедно во Премиер лигата

Сопствениците на Њукасл имаат големи планови за следната сезона, во која планираат да ја нападнат титулата во Премиер лигата, и прва цел во летниот преоден рок ќе им биде ангажманот на Нејмар.

Бразилецот има договор со ПСЖ до 2025 година, но повеќе од извесно е дека Светците налето ќе се обидат да го продадат, а Њукасл е една од ретките екипи кои можат да ја платат отштетата.

Откако државниот саудиски инвестициски фонд го купи Њукасл, премиерлигашот преку ноќ стана најбогат фудбалски клуб и сигурно е дека нема да му биде проблем да плати 80-тина милиони евра отштета на ПСЖ, а притоа на Бразилецот да му понуди голема плата.

Англиските медиуми шпекулираат дека за да го привлечат Нејмар на „Сент Џејмс парк“, челниците на Њукасл ќе мора да го направат најдоброплатен фудбалер во Премиер лигата. Засега приматот во Премиер лигата го држи Кевин де Бројне, фудбалерот на Манчестер сити, со годишна плата од 24 милиони евра.

Доаѓањето на Нејмар може да го направи Њукасл центар на фудбалскиот свет и тогаш лесно може да се случи на „Сент Џејмс парк“ да пристигне и Кристијано Роналдо.

Роналдо во јануари годинава потпиша за саудискиот Ал-Наср за годишна плата од 200 милиони евра, но наводно на најблиските пријатели им најавил дека по завршување на сезоната, ќе си замине и дека сака да се врати во Европа.

- Оглас -

Најнови вести