Фудбалските суперѕвезди Кристијано Роналдо и Нејмар, учествуваа во меѓусебен „бокс-меч“, и тоа за потребите на реклама на една телекомуникациска компанија. Португалецот и Бразилецот се во главни улоги на рекламата во која тие треба да „боксуваат“ еден против друг.
Рекламата која се врти по португалските телевизии, веќе е хит на социјалните мрежи, а се зборува дека Роналдо од рекламата заработил 650.000 евра. Нејмар соочен со физички посилен противник, почна во рингот да игра самба за да го дефокусира ривалот.
Погледнете како се снајдоа двајцата фудбалери во рингот: