Роналдо и Пепе ќе ја предводат Португалија на ЕП

Селекторот на фудбалската репрезентација на Португалија, Роберто Мартинес, го објави поширокиот список на фудбалери за претстојното ЕП, кое ќе се игра во Германија и, очекувано, најголема ѕвезда е Кристијано Роналдо.

Португалците, кои во квалификациите освоија максимални 30 бода, најверојатно за последен пат ќе бидат предводени од 39-годишниот Роналдо. Нападот ќе биде најголем адут на Португалците бидејќи покрај Роналдо, тука се и Рафаел Леао, Диого Жота, Жоао Феликс, Гонзало Рамос, Педро Нето.

Ако Роналдо е адутот на Мартинес во нападот, тогаш со одбраната ќе командува уште еден ветеран, 41-годишниот Пепе.

Португалија на ЕП во Германија ќе игра во групата Ф заедно со селекциите Турција, Чешка и Грузија. Првиот натпревар ќе го игра на 18 јуни против Чешка.

Поширок список на фудбалери:
Голмани: Диого Коста, Хозе Са, Руи Патрисио.
Одбрана: Антонио Силва, Данило Переора, Диого Дало, Инасио, Жоао Кансело, Нелсон Семедо, Нуњо Мендес, Пепе, Рубен Дијас.
Среден ред: Бруно Фернандес, Жоао Невес, Палиња, Отавио, Рубен Невес, Витиња, Бернардо Силва.
Напад: Кристијано Роналдо, Диого Жота, Консеисао, Гонзало Рамос, Жоао Феликс, Педро Нето, Рафаел Леао.

- Оглас -

Најнови вести