Веќе долги години наназад Португалија е незамислива без Кристијано Роналдо, човекот којшто го подигна светскиот фудбал на едно досега невидено ниво и успеа оваа селекција од просечна, да ја вивне во самиот врв.
Но, Роналдо иако е водич, тоа не го правеше сам, а тука се појавуваа голем број навистина квалитетни фудбалери од типот на: Луис Фиго, Рикардо Кварежма, Нани и додека тие се одлучија да се пензионираат од репрезентацијата или во случајот на Фиго, од фудбалот комплетно, некои останаа.
Таков е случајот со Пепе, кој и на 38 години навистина игра на високо ниво, а вчера беше „столб“ во одбраната којшто не можеше да се мине. Тој и Кристијано Роналдо заедно се долги години, а сликата од 2002 година, како и од вчерашниот меч против Македонија, кажува дека едноставно некои работи не се менуваат.