Врската меѓу Кристијано Роналдо и Серхио Рамос не е на исто ниво како што беше во периодот кога португалската мегаѕвезда го носеше дресот на Кралевите, па две години не беа во контакт.
За првпат откако Роналдо потпиша за Јувентус, имаше прилика да се сретне со Рамос и да си размени по некој збор во тунелот, иако на теренот не се сретнаа во пријателскиот меч меѓу Португалија и Шпанија, кој се одигра вечерва во Лисабон.
https://twitter.com/analuzmaria/status/1313933873542295552
Роналдо како капитен на европскиот првак стартуваше на мечот и на теренот се задржа до 72-рата минута, додека пак Рамос доби прилика во финишот.
Инаку, последен пат кога стоперот на Реал и офанзивецот на Јуве ги одмерија силите во директен дуел беше ремито од 3-3 на Мундијалот кој се одигра во Русија пред две години, спектакл во кој Роналдо запиша феноменален хет-трик.