Роналдо и Реал испаднаа, нов европски првак ќе биде Атлетико Мадрид?

Атлетико Мадрид е еден од најсреќните тимови по елиминацијата на Јувентус од Лион, а секако се израдуваа и што потенцијален ривал во финалето на Лигата на шампионите нема да им биде ниту градскиот ривал Реал Мадрид. Атлетико кој во осминафиналето го елиминираше Ливерпул, во четвртфиналето е фаворит против Лајпциг.

Откако на клупата на Атлетико седна Диего Симеоне, Јорганџиите своите обиди да станат европски прваци, секогаш завршуваа неуспешно, затоа што од другата страна беше Кристијано Роналдо. Атлетико со Симеоне еднаш не ја мина групната фаза во ЛШ, а губеше две финалиња и двапати беше елиминиран од Реал Мадрид во времето кога Португалецот го носеше дресот на Кралскиот клуб. И по трансферот во Јувентус, Кристијано продолжи да биде кошмар на Атлетико, па лани Јуве предводен од него, го елиминираше составот на Симеоне.

Сега ги нема Реал и Роналдо, на Атлетико му се подотвора патот до првата титула, но има уште неколку тешки пречки за прескокнување за да стигне до целта.

- Оглас -

Најнови вести