Кристијано Роналдо уште еднаш се пофали дека и неговиот помал син, двегодишниот Матео е талент за фудбал. Португалецот кој го пропушти дербито на Јувентус против Милан, на својот Инстаграм профил стави видео на кое се гледа како тој и Матео си ја подаваат топката.
По ова видео, станува јасно дека освен најстариот син Јуниор, Кристијано како свој наследник може да го гледа и Матео.