23.8 C
Skopje
сабота, 26 јули 2025

Роналдо им даде совет на соиграчите како да станат подобри

Манчестер јунајтед направи фантастичен пресврт и од негатива 0:2, стигна до победа од 3:2 против Аталанта во меч од Лигата на шампиони. Кристијано Роналдо го даде погодокот со кој се комплетираше пресвртот за голема радост на „Олд Трафорд“.

Пред Црвените ѓаволи сега е уште еден голем предизвик. На свој терен утре ќе играат против најголемиот ривал во Англија, Ливерпул. По осум одиграни кола, Манчестер досега освои смао 14 бода и е на шестото место на табелата, додека Ливерпул има 18 бодови. Според Роналдо, Манчестер има многу поголеми квалитети од тоа да биде на шестото место.

„Потребно беше време за да се адаптирам на екипата и начинот на игра. Мислам дека во овој тим има голем квалитет и тоа не зборам само за индивидуален, туку за тимски квалитет. Само секој треба да си ја знае својата улога во екипата. Мојата улога е да постигнувам голови, да му помагам на тимот да стигне до победа. Ако секој си ја знае својата улога и го дава најдоброто од себе, се жртвува за тимот, ќе бидеме многу подобри“, рече Роналдо во пресрет на дербито против Ливерпул.

 

- Оглас -

Најнови вести