Роналдо има 400 милиони следбеници на „Инстаграм“, а не знаеше дека оди во живо од сауна

Кристијано Роналдо минатата недела стана првата личност во светот која има над 400 милиони следбеници на „Инстаграм“, за секоја објава добива околу 2 милиони евра, а како што изгледа, Португалецот не знае во детали да ракува со оваа социјална мрежа.

Тој случајно започна „лајв“ на „Инстаграм“ и за помалку од една минута се собраа повеќе од 700.000 луѓе да го гледаат и да комуницираат со него. Португалскиот фудбалер беше полугол во сауна, а откако збунет сфати дека направил грешка, не кажа ништо, туку околу една минута се обидувал да го прекине преносот во живо.

https://twitter.com/i/status/1491552460804087809

- Оглас -

Најнови вести