Роналдо има чудесна моќ – Јувентус ќе плати 80 милиони евра за играчот што го пикира Португалецот

Кристијано Роналдо е моќен и во Јувентус, му се слуша зборот, а тоа ќе доведе до трансфер на играчот што Португалецот го пикираше како големо летно засилување и замена за Гонзало Игуаин.

Раул Хименес е пред портите на Јувентус, најмногу благодарение на Роналдо, а се најавува скап трансфер од 80 милиони евра, што ќе биде рекорден за мексикански фудбалер.

Вулверхемптон бараше отштета од 100 милиони евра, понудата на Јувентус беше двојно помала, а сега италијанските медиуми објавија дека преговорите се во завршна фаза и дека Хименес ќе се пресели во Торино за 80 милиони евра.

Шпицот на Волците одигра импресивна сезона со 26 гола на вкупно 53 натпревари, а заврши на делба на осмото место на листата со најдобри стрелци во Премиер лигата со 17 гола, колку што постигна и Маркус Рашфорд.

И лани, во деби сезоната за Вулверхемптон, Раул беше ефикасен и даде 13 голови, па константно добрите игри предизвикаа интерес кај неколку европски гиганти, а како што стојат работите, Јувентус ќе биде тимот во кој ќе ја продолжи кариерата.

 

- Оглас -

Најнови вести