Роналдо има дадено голови колку што заедно постигнале Диего Марадона и Златан Ибрахимовиќ

Портиугалија со 3:1 славеше на гостувањето кај Полска во меч од третото коло од Лигата на нации, а во листата на стрелци се запиша и Кристијано Роналдо. Капитенот на португалската репрезентација само потврдува дека за него годините (има 39 години), се само бројка и едноставно уште е незадржлив за противничките одбрани.

За Роналдо ова беше вкупно 906 погодок во професионалната кариера и само го зголемува рекордот за најдобар стрелец на сите времиња. Иако сега вели дека не сака да зборува за индивидуални рекорди, Роналдо сигурно мечтае да стане првиот фудбалер кој ја достигнал нереалната граница од 1.000 погодоци во кариерата.

Интересно е дека бројката од 906 голови на Роналдо е еднаква ако се соберат бројот на погодоци кои во своите кариери ги постигнале Диего Армандо Марадона и Златан Ибрахимовиќ. Аргентинскиот видтуоз Марадона во кариерата постигна 348 погодоци, додека Ибрахимовиќ кога ја заврши кариерата застана на бројката од 558 голови. Ако се соберат головите на Марадона и тие на Ибрахимовиќ ќе се дојде до бројката од 906 голови, колку што досега сам има постигнато Роналдо.

- Оглас -

Најнови вести