Роналдо има намера да биде дел и од следниот Мундијал

Кристијано Роналдо има намера да учествува и на Светското првенство во 2026 година, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико, открива „Релево“.

Триесет и деветгодишниот напаѓач на Португалија планира да продолжи да игра на највисоко ниво и изрази желба да биде дел и од следниот Мундијал.

Во моментов Роналдо се подготвува со португалскиот тим за првиот настап на ЕВРО 2024. Во тековната сезона тој има одлични постигнувања со 35 гола и 11 асистенции на 31 натпревар за Ал-Наср во Саудиска Арабија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести