Роналдо имаше порака за сите оние кои останаа на Европско

Кристијано Роналдо по вторпат само за неколку месеци револтирано ја фрли капитенската лента која ја носи во репрезентативниот дрес на Португалија. Европа ќе добие нов владетел откако вчера Португалија загуби со 1:0 од Белгија, а Роналдо ја фрли капитенската лента. Предводникот на Португалија се огласи преку соцојалните мрежи.

„Не беше тоа резултатот кој го посакувавме. Дадовме сè од себе за да го одбраниме шампионскиот трофеј и горд сум на соиграчите кои покажаа дека и во иднина ќе ѝ носат радост на Португалија. Нашите навивачи беа беспрекорни, постојано нè бодреа, од првата до последната минута. Игравме за нив. За жал, не ги исполнивме нивните желби, но да им кажам дека нивната поддршка многу ни значеше. Честитки на Белгија за влезот во четвртфиналето и им посакувам многу среќа на сите оние селекции кои останаа на турнирот. Ние ќе се вратиме уште посилни“, беше пораката од Роналдо, кој го завршува турнирот со пет погодоци, но синоќа против Белгија немаше свој ден.

 

- Оглас -

Најнови вести