24.8 C
Skopje
сабота, 23 август 2025

Роналдо испиша историја, но го загуби финалето на саудискиот Суперкуп

Ал-Ахли е освојувач на саудискиот Суперкуп, откако на пенали во финалето играно во Хонг Конг го победи Ал-Наср, а во регуларните 90 минути беше 2-2.

Од деветте пенали кои беа изведени, не реализираше само Абдула Ал-Хаибари од Ал-Наср во четвртата серија и тоа значеше пораз на тимот на Роналдо, бидејќи противниците беа непогрешливи и дадоа гол од сите пет шута.

Кристијано Роналдо испиша историја со тоа што стана првиот фудбалер што дал барем 100 гола за четири различни тимови, но не успеа да го освои својот прв трофеј со Ал-Наср иако беше блиску до тоа. Ал-Ахли на 2-2 изедначи во 89-та минута и се избори за пенали на кои беа подобро.

- Оглас -

Најнови вести