26.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Роналдо испрати убава роденденска честитка и даде едно ветување

Многу фудбалери на негови години веќе се решаваат да одат во фудбалска пензија, но Кристијано Роналдо има сосема поинаков план. Португалецот кој денеска го прослави 36-тиот роденден, вети дека уште неколку години ќе биде дел од фудбалската магија.

Во кругот на своето семејство, Роналдо го прослави роденденот и испрати една подолга порака.

„36 години, неверојатно. Се чувствувам како се да започна вчера, а ова патување е полно со авантури и спомени за памтење. Првата топка, првиот клуб, првиот гол…Времето лета. Од Мадеира до Лисабон, од Лисабон до Манчестер, од Манчестер до Мадрид, од Мадрид до Торино. Го дадов најдоброто од мене, никогаш не се повлекував и се обидував секогаш да бидам најдобар што можам. Вие ми возвративте со љубов и поддршка. Никогаш нема да можам доволно да ви се заблагодарам, ништо немаше да направам без вас. Сега кога славам 36 години и 20 години од професионалната кариера жалам што не можам да ви ветам дека ќе играм уште 20 години, но затоа можам да ветам дека ќе продолжам напред и секогаш ќе давам 100 отсто од мене. Благодарам на сите за поддршката“, напиша Роналдо.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)

 

- Оглас -

Најнови вести