Роналдо измамен за многу пари!

Кристијано Роландо бил жртва на измама од вработен во една туристичка агенција, открија португалските медиуми. Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња бил „олеснет“ за 288.000 евра.

Повеќе од три години, Роналдо бил манипулиран од туристичкиот оператор, на кому му ги дал во доверба броевите на кредитните картички и потребните шифри. Во периодот од февруари 2007 година до јули 2010 година измамникот направил повеќе од 200 резервации на името на Роналдо, а Португалецот воопшто не ни знаел за тоа.

Туристичкиот работник работел во една од агенциите што ги поседува менаџерот на Роналдо, Жорж Мендеш, па Кристијано мислел дека може да има доверба.

Измамникот веќе одлежува затворска казна од 4,5 години поради ова дело.

 

- Оглас -

Најнови вести