(Видео) Роналдо ја чека јубилејната стотка, можен ли е хет-трик со коефициент 29 на дуелите меѓу Шведска и Португалија?

Кристијано Роналдо е најавен во почетната постава на Португалија за дуелот со Шведска на „Френдс“ арена во Стокхолм, вечерва од 20.45 часот и ако добие шанса за настап популарниот ЦР7 има можност да си дочека супер јубилеј и 100-ти погодок во дресот на актуелните европски прваци.

Кристијано не играше пред три дена против Хрватска, а и без него Португалците беа убедливи и победија со 4:1 во премиерниот меч од третата група во А сегментот од Лигата на  Нации.

Досега Роналдо има постигнато 99 голови во дресот со националните бои на Португалија и што е најинтересно има импресивен учинок во дуелите против Шведска.

Досега на три дуели на кои настапил против Трите круни, Кристијано даде дури пет гола, а блескаше во финалето од плејофот против Швеѓаните во 2013 година во двомечот за настап на Мундијалот во Бразил во 2014 година.

Португалците победија на двата меча, со 1:0 дома и со 3:2 на гости, а најдобриот нивни играч ги постигна сите четири голови. Роналдо беше стрелец на еден погодок и на пријателскиот меч во 2017 година, последен меѓусебен меѓу Португалија и Шведска, што го добија Швеѓаните со 2:3.

Интересно е што последните два дуели завршија со резултат од 2:3 и победи на гостите, по еднаш на Португалија и Шведска, па можно е дури и да се очекува хет-трик.

Токму тој резултат од 2:3 е  најчест на 15 меѓусебни дуели меѓу овие две репрезентации, а вкупно три дуели завршија со гостинска победа од 2:3.

Ако ја почитувате традицијата и бројките за нова победа од 2:3 на гостинската репрезентација во меѓусебните дуели меѓу Шведска и Португалија коефициентот во Sport Life е одличен и изнесува 29.

 

- Оглас -

Најнови вести