Роналдо ја добива главната награда на гала-свеченоста, но не во Париз

Кристијано Роналдо одби да присуствува на гала-свеченоста во Париз, каде што за многу кратко време ќе се прогласи најдобриот фудбалер според „Франс фудбал“ и кому ќе му припадне Златната топка. Португалецот најде совршен изговор зошто да не оди во Париз. Тој ќе биде на гала-свеченост, но во Милано, каде што ќе се доделуваат наградите за најдобри во Серија А за минатата сезона.

Португалецот лани ја одигра првата сезона во дресот на Јувентус и воопшто во Серија А и веднаш беше прогласен за најкорисен играч, а Старата дама ја одбрани титулата. Освен наградата за МВП, Роналдо е во тимот на сезоната во Италија.

Сепак, овие награди во Милано не се ни малку на нивото и рангот на тоа што е во Париз и гламурозното доделување на Златната топка.

- Оглас -

Најнови вести