Роналдо ја купи фирмата која ја тужеше 11 пати и на сите вработени им подели бонуси

Кристијано Роналдо стана сопственик на медиумската компанија „Кофина Медија“, купувајќи ја за 57 милиони евра. Како прв потег откако ја купи оваа компанија, Роналдо реши да даде бонуси на сите вработени. Секој работник ќе добие бонус од 1.250 евра.

„Вработените на мејл добија порака дека ќе имаат исплата на бонус. Тоа е знак за благодарност кон сите оние што се дел од оваа компанија“, пренесуваат португалските медиуми.

Новинарите на оваа компанија често пати имаа професионални задачи да го следат приватниот живот на Роналдо, па фудбалерот дури 11 пати ги тужеше. На крајот реши да ја купи целата фирма и да ги задржи вработените.

„Единствената промена ќе биде поврзана со името. Фирмата сега ќе се вика „Expressao Livre“. Непријатно ни е за тоа што се случуваше претходно, но никој не се плаши дека може да остане без работа. Знаеме дека често го вознемирувавме Роналдо, некогаш со причина, некогаш без причина, но тој разбира дека тоа е наша работа. Посебно среќни се спортските новинари. Секој што мисли дека Роналдо ќе дели откази, се излажал“, вели еден од вработените во оваа медиумска компанија.

- Оглас -

Најнови вести