Роналдо ја реновира најскапата вила во Португалија, работниците добро ќе се офајдат

Португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо додека се подготвува за настап на Светското првенство во Катар, „со едното око“ следи што се случува со реновирањето на вилата во татковината, во која планира по завршувањето на кариерата, да живее заедно со Георгина Родригес и децата.

Реновирањето на луксузната вила започна минатата година, а шпанските медиуми дознаа колку ќе го чини Португалецот овој проект и колкави плати имаат работниците што работат.

Роналдо минатата година ја купи „најскапата вила“ во Португалија во местото Квинта де Мариња, кое се наоѓа на 40-тина километри од главниот град Лисабон. Фудбалерот планира по завршувањето на кариерата да живее на ексклузивна локација на португалската ривиера и поради тоа не штеди пари.

Покрај спектакуларниот поглед, на имотот ќе има и терени за тенис, кошарка и нормално за фудбал, како и голема гаража за неговите 20-тина луксузни автомобили, голем базен, теретана и соба за масажа.

Целиот проект ќе го чини Роналдо околу 20 милиони евра. Реновирањето веќе се одвива со полна пареа и Роналдо и Георгина ќе можат напролет идната година да се вселат во вилата. За да ги мотивира работниците, Роналдо им дава по 6.000 евра месечна плата.

- Оглас -

Најнови вести