Кристијано Роналдо пред неколку месеци дојде во Саудиска Арабија со цел да ја освои титулата во ова првенство. Сепак, како што стојат работите, тоа ќе биде тешко остварливо, посебно по денешниот пораз на неговиот Ал-Наср на гостувањето кај вечниот ривал Ал-Хилал.
Роналдо и Ал-Наср загубија со 2:0 и останаа на три бода зад лидерот Ал-Итихад, кој има одиграно и меч помалку. На Дербито на Ријад, Роналдо даде еден гол, но му беше поништен поради офсајд, но сите зборуваат за потегот на Португалецот во 57-мата минута.
Роналдо во еден дуел беше немоќен да го спречи противничкиот играч, па едноставо во стилот на ММА борец го фати за врат и го тресна на земја. Судија на овој дуел беше Мајкл Оливер од Англија, кој реши да не го исклучи Роналдо и ѝ покажа само жолт картон на најголемата ѕвезда во Саудиска Арабија.