Роналдо каков што никогаш претходно не е виден: Ја пее неговата омилена песна (Видео)

Кристијано Роналдо знае да ужива и надвор од фудбалскиот терен, а тоа може да се забележи и на видеоснимката која се појави на интернет. Португалецот е во друштво со пејачот Нинињо Ваз Маја, како и неговиот поранешен соиграч од Манчестер јунајтед, Диого Далот.

Емотивниот Роналдо ја пее песната „E Agora“, што во превод значи „А сега“, а во еден момент запеа а капела, односно пееше без инструментално следење.

Снимката е од септември 2022 година, кога Роналдо уште беше фудбалер на Манчестер јунајтед.

- Оглас -

Најнови вести