Роналдо ќе го пропушти првиот тест на Португалците за ЕВРО 2024

Напаѓачот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо, ќе го пропушти утрешниот пријателски натпревар на Португалија со Финска, кој е дел од подготовките за ЕВРО 2024 година.

Роналдо добил една недела одмор по неговото враќање од Саудиска Арабија.
Против Финците нема да игра и играчот од средниот ред на Ал-Хилал, Рубен Невеш. И двајцата ќе пристигнат во тимската база овој викенд.

Португалија ќе игра и против селекцијата на Хрватска и на Република Ирска пред почетокот на ЕП 2024.

Во групната фаза од Европското првенство, селекцијата предводена од Роберто Мартинес ќе игра против Чешка, Грузија и против Турција.

- Оглас -

Најнови вести