Роналдо ќе игра во Лигата на шампионите, а Меси во Копа Либертадорес?!

Двајцата најдобри фудбалери во последните две децении, Кристијано Роналдо и Лионел Меси, иако ја напуштија Европа, би можеле да играат во двете најквалитетни клупски меѓународни натпреварувања, Лигата на шампионитеte и Копа Либертадорес.

Претседателот на Фудбалската федерација на Аргентина, Чики Тапија, преку Јужноамериканската фудбалска асоцијација (Конмебол) му испратил понуда на Интер Мајами во следната сезона да биде дел од Копа Либертадорес. Сега останува тимот од МЛС-лигата да одлучи дали ќе ја прифати понудата.

Во минатото, репрезентации кои не се од Јужна Америка со вајлд-карта учествувале на Копа Америка (Мексико, САД, Катар…), но, од друга страна, такво нешто досега никогаш не се случило во клупските натпреварувања.

На другиот дел од светот, Фудбалската федерација на Саудиска Арабија е во преговори со Европската фудбалска федерација (УЕФА) еден тим од оваа земја од Блискиот Исток да заигра во Лигата на шампионите од 2025 година, објави „Калчо финанза“. Саудиските екипи летово направија вистински бум на трансфер-пазарот, а целата работа започна во јануари годинава, кога Ал-Наср потпиша со Кристијано Роналдо.

УЕФА од 2025 година ќе го зголеми бројот на екипи кои ќе играат во елитното натпреварување на 36 и Саудијците сакаат барем едно од дополнителните места да биде резервирано за нивна екипа.

- Оглас -

Најнови вести