Кристијано Роналдо ќе игра за Манчестер сити, екипа што му понуди 30 милиони евра на Јувентус, што е прифатлива сума за најтрофејниот италијански клуб, објави на својот твитер-профил, Џанлука ди Марцио, еден од најинформираните спортски новинари во Италија.
https://twitter.com/FootyAccums/status/1431004354153226244?s=20
Роналдо не крие дека сака да го напушти Јувентус, и тоа по сè изгледа ќе се случи веќе во текот на утрешниот ден. Понудата на Манчестер сити за Португалецот е да добива годишна плата меѓу 13 и 15 милиони евра, што е над пола помалку од 31 милион евра што ги има во Јувентус.
Роналдо беше член на Манчестер јунајтед од 2003 до 2009 година, па ќе биде интересно да се види во редовите на лутиот градски ривал на Црвените ѓаволи и во дресот на Манчестер сити.