Снимениот „надуен“ стомак на Георгина Родригес предизвика шпекулации дека партнерката на Кристијано Роналдо е бремена. Засега нема потврда или демант, но доколку таа е трудна, португалскиот фудбалер ќе го добие своето петто дете, второ со Георгина, со која наскоро планира да стапи во брак.
Шпанката со аргентинско потекло беше фатена на трибините на стадионот „Естадио да Луз“ во Лисабон да го поддржи Роналдо на мечот со Србија, но главната ѕвезда на португалскиот фудбал се повреди во првото полувреме и му претстои пауза.
На сликата се гледа дека Георгина е во добро расположение, очигледно дека е фотографирана пред почетокот на мечот при интонирање на химните. Таа е во друштво на мајката и сестрата на Роналдо. Но, необично големиот стомак е она што предизвика внимание. Наскоро ќе се знае дали таа е трудна или не. Георгина од пред една и пол година има еднa ќерка со Роналдо, а фудбалерот има уште три деца од сурогат мајки.