Кристијано Роналдо денеска се врати во Мадрид, но не во Реал, туку во шпанскиот суд. Португалецот беше обвинет дека затаил данок, а ѕвездата која девет години играше за Кралскиот клуб, призна дека е виновен за затајување на данок во периодот од 2011 до 2014 година, со што ја оштетил Шпанија.
Со признавањето дека е виновен, на Роналдо му беше изречена затворска казна од 23 месеци, која, сепак, нема да мора да ја одлежи доколку плати 18,8 милиони евра. Кристијано синоќа играше за Јувентус во Торино, а рано утрово пристигна во Мадрид за да ги реши и овие проблеми.
Португалецот дури сакаше и преку видеолинк да присуствува на судењето, но судијата не дозволи такво нешто, туку нареди Португалецот да се најде во судница.