24.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Роналдо ќе плати еден милион евра за приватна готвачка на летниот одмор на Ибица

Кристијано Роналдо уште еднаш покажа дека не штеди кога станува збор за удобноста и задоволството на неговото семејство. Португалската фудбалска ѕвезда ja ангажираше познатата инфлуенсерка и готвачка Марта Гарсија – Буки, плаќајќи ѝ впечатливи еден милион евра само за една недела како приватна готвачка за него и за неговата партнерка Георгина Родригес. Таа ќе готви додека тие се на летен одмор на Ибица.

Буки, која има над 500.000 следбеници на социјалните мрежи, откри дека Георгина лично ја контактирала со понуда која не можела да ја одбие. Таа ќе биде задолжена за подготвување оброци во секое време од денот или ноќта, па дури и ако некој од нив побара бифтек во два часот наутро.

„Знам дека нема да биде лесно бидејќи тоа е семеен одмор, а децата имаат свои желби. Но, ова е понуда што не се одбива – ќе биде спектакуларно искуство“, изјави Буки.

Ова е уште еден пример за луксузниот стил на живот што го води Роналдо, кој покрај тоа што е еден од најдобрите фудбалери во историјата, останува и меѓу најплатените спортисти на планетата.

- Оглас -

Најнови вести