Најефикасниот фудбалер во историјата, Кристијано Роналдо, најави дека можеби ќе игра уште цела деценија, а кажа и дека саудиската лига во која што игра во моментов, веќе е една од петте најдобри на светот.
„Саудиската лига не е полоша од француската Лига 1. Една година сум тука и можам да кажа, дека лигата во Саудиска Арабија веќе е поконкурентна од француската. Знам што зборувам. Саудиската лига може да биде и во топ 3 на светот“- вели Роналдо.
Португалецот иако наскоро ќе наполни 39 години, не планира да ја заврши кариерата.
„Ќе се повлечам кога ќе почувствувам дека веќе не можам. И тоа ќе се случи наскоро, можеби за десет години, хахахах“, додаде Роналдо.
Роналдо ја следи и европската Лига на шампиони, а според него главни фаворити за трофејот се Манчестер сити, Реал Мадрид и Баерн Минхен.