На Кристијано Роналдо никако да му тргне во новиот клуб Ал-Наср. Португалецот кој треба да заработи 500 милиони евра за две и пол години во клубот од саудиска Арабија, доживеа ново разочарување, но имаше мала утеха, а тоа е дека го постигна првиот гол во првенството на Саудиска Арабија.
Ал-Наср гостуваше кај Ал-Фатех, а домаќините први постигнаа гол, за да пред крајот на првиот дел Талиска израмни на 1:1. На почетокот на вториот дел, нова радост за домаќините, а шок за Роналдо и соиграчите, кои беа во негатива од 1:2.
Ал-Наср се спаси од пораз со голот на роналдо од пенал во 93 минута.
1st Al Nassr goal for Cristiano Ronaldo. Finally.pic.twitter.com/By2KekS8E1
— The CR7 Timeline. (@TimelineCR7) February 3, 2023