Роналдо конечно проговори за наградата што ФИФА му ја додели на Меси

Кристијано Роналдо загуби уште една лична битка со Лионел Меси. Португалецот имаше две признанија The Best во изборот на ФИФА, а од пред неколку дена Меси е со три вакви трофеи откако беше прогласен за најдобар фудбалер во светот за 2023 година.

Во 2023 година Меси освои само еден значаен трофеј, и тоа со ПСЖ во првенството на Франција. За разлика од него, Ерлинг Халанд во 2023 година освои тројна круна, откако се радуваше на титулите во Премиер лигата, ФА купот и Лигата на шампионите. Халанд постигна 44 гола, додека Меси даде само 20.

Многумина сметаат дека е чудно што Меси е избран за најдобар во 2023 година, а Роналдо индиректно го потенцираше тоа.

„Не сум изненаден. Знам како работи таа организација. Искрено кажано, ретко ги гледам церемониите на ФИФА за The Best. Мислам дека оваа награда ја губи довербата. Треба да се анализира цела сезона. Не сакам да кажам дека Меси не ја заслужи наградата или за Халанд и Мбапе, но јас веќе едноставно не верувам во тие награди. Има факти, има бројки и тие не лажат“, рече Роналдо, кој воопшто не ни беше во конкуренција за ова признание.

Роналдо во јануари 2023 година направи трансфер во Ал-Наср и во тимот од Саудиска Арабија постигна 20 гола во 18 меча во првенството.

- Оглас -

Најнови вести