Кристијано Роналдо се спаси од судски процес во Соединетите Американски Држави, а обвинителите по истрагата за наводно силување од страна на Португалецот објавија дека нема елемнти за да покренат обвинение.
Португалецот беше соочен со сериозни обвинувања од Кетрин Мајорга дека во 2009 година во хотел во Лас Вегас ја силувал.
Подоцна се шпекулираше дека Роналдо ја замолчел „жртвата“ со 375 илјади долари, но Мајорга сепак го пријави случајот.
Фудбалерот на Јувентус, тогаш член на Манчестер јунајтед, изјави дека се работи за измислен случај од љубоморна девојка и ги отфрли обвинувањата дека ја силувал Мајорга.
„Тоа е акт што е спротивен на сè што верувам во животот“, изјави Роналдо. Обвинителството во САД објави дека ќе има истрага, но сега случајот е завршен без докази дека имало силување, со пресуда која го ослободи Роналдо од обвинувањата на Мајорга.