Роналдо „леташе“ како да е играч на НБА: Даде гол од 256 сантиметри висина (Видео)

Додека Барселона и Реал Мадрид се мачеа и разочараа во Ел Класико, Кристијано Роналдо го имаше шоуто на вечерта во дресот на Јувентус. Португалецот постигна фантастичен погодок за победа на Старата дама на гости кај Сампдорија од 2:1.

Ваков погодок е навистина реткост ако се знае дека Роналдо погоди со глава, а неговиот скок беше неверојатен. Италијанците измерија дека Роналдо скокнал 71 сантиметар, а во моментот кога ја удира топката со глава е на висина од 265 сантиметри. Дефанзивецот на Сампдорија изгледаше како мало дете покрај Роналдо и само немоќно можеше да го гледа неверојатниот скок и погодок на првата ѕвезда на Јувентус.

Измерено е дека топката во голот влегува со брзина од 77,8 километри на час, што исто така е импресивно ако се знае дека шутот беше со глава. Роналдо во воздух се задржа една и пол секунда, на што може да му подзавидат и голем број играчи на НБА.

 

- Оглас -

Најнови вести