14.8 C
Skopje
сабота, 16 август 2025

Роналдо-манија во Саудиска Арабија: играа ривалите на Ал Наср, а фанови влегоа на терен и го имитираа Кристијано (Видео)

Кристијано Роналдо од пред некој ден е член на саудискиот клуб Ал Наср, а според однесувањето на фановите на ривалите на Ал Наср, не се знае за кого ќе навиваат кога нивниот миленик ќе игра против тимот на Роналдо.

Вчера се играше натпревар помеѓу Ал Хилал и Ал Итихад, а на терен влетаа две момчиња, кои додека трчаа на терен, ја имитираа прославата на Кристијано Роналдо после постигнат гол.

Роналдо уште нема дебитирано во лигата на С. Арабија, тоа се очекува на 21-ви јануари, а уште сега е јасно дека кога Ал Наср ќе игра, трибините ќе бидат полни, и обезбедувањето ќе има многу работа, многумина ќе сакаат да дојдат до него.

https://twitter.com/i/status/1611093831180771328

- Оглас -

Најнови вести