Роналдо – Меси 2-1, тренерите рекоа доста е (Видео)

Пари Сен Жермен и тимот Ријад составен од ѕвездите на саудиските клубови Ал Наср и Ал Хилал, им приредуваат вистинско уживање на гледачите, а во центарот на вниманието беа мегаѕведите Кристијано Роналдо и Лионел Меси, кои можеби за последен пат во нивните феноменални кариери, играа еден против друг.

Се очекуваше Меси и Роналдо да дадат гол, и тие не ги изневерија очекувањата. Аргентинецот погоди после само три минути игра, а до крајот на првото полувреме Роналдо даде два гола, од кои првиот од пенал, додека за вториот имаше помош од пријателот Серхио Рамос кој направи голема грешка.

Роналдо кој официјалното деби за Ал Наср треба да го има викендов, излезе од игра во 61-ва минута, а Меси беше повлечен две минути подоцна, при резултат 4-3 за париските Светци.

Ова е голот на Роналдо за 2-2:

- Оглас -

Најнови вести