23.8 C
Skopje
сабота, 26 јули 2025

Роналдо мора да руши дел од имотот затоа што било дивоградба

Кристијано Роналдо се соочува со неочекуван проблем кој нема врска со фудбалот. Според пишувањата на британските медиуми, на Роналдо му е наложено да сруши нелегално изграден терен на една од своите луксузни вили во Португалија.

Шефот на локалната општина, Мануел Тибо, потврдил дека Кристијано се согласил да ангажира булдожер и да го сруши тенискиот терен за кој се докажало дека е бесправно изграден и е прогласен за илегален објект.

„Роналдо ни испрати проект за одобрување и заврши со градењето на куќата откако дополнително доби дозвола. Сепак, утврдено е дека тој градел и надвор од дозволеното подрачје, а тоа е противзаконски“, објаснил Тибо.

Вилата на Роналдо е вредна 2,3 милиони фунти и се наоѓа во близина на градот Герес на северот од Португалија. Најдобриот португалски фудбалер веќе прифатил сам да го сруши незаконски изградениот дел и за тоа има рок до март следната година.

 

- Оглас -

Најнови вести