Веќе е познато дека Кристијано Роналдо и следната сезона ќе игра во првенството на Саудиска Арабија, во екипата на Ал-Наср. Тоа го потврди и самиот тој, но португалецот има забелешки на одредени сегменти од неговиот престој на Арапскиот полуостров.
– “Имаме многу добри тимови, многу добри арапски играчи, но инфраструктурата мора да се подобри. Дури и судиите, ВАР системот, треба да бидат малку побрзи. Но, јас сум среќен овде, сакам да продолжам овде, ќе продолжам овде. Во Европа повеќе трениравме наутро, а овде тренираме попладне, односно навечер. Кога почнува Рамазан, тренираме во 10 часот навечер. Беше толку чудно.“ – вели Роналдо во изјава за СПЛ.