Роналдо мораше да гледа како со неговиот стил се славеше голот што Манчестер го прими (Видео)

Манчестер јунајтед одигра само 1:1 на „Олд Трафорд“ против Евертон, а херој на гостите е Енди Таунсенд, кој го постигна голот за 1:1 во второто полувреме. По постигнувањето на голот, Таусенд реши да прослави во препознатливиот „Сииииууу“ стил на Кристијано Роналдо.

Таусенд објасни дека Роналдо е неговиот идол и затоа се решил на таква прослава на голот.

„Тој е мојот идол. Пораснав гледајќи го Кристијано Роналдо, поминав многу часови на тренинзите обидувајќи се да ја стекнам неговата техника. Можеби сега ќе треба да поминам малку подолго време и да вежбам за прославата, затоа што овојпат не беше баш најдобра“, рече Таусенд по мечот на „Олд Трафорд“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BT Sport (@btsport)

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести