21.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Роналдо може да биде задоволен од син му – Јуниор даде 58 гола на 28 меча

Кристијано Роналдо пред две години потпиша за Јувентус, а со тоа и неговиот син Кристијано Јуниор се пресели во младинската школа на италијанскиот првак. Претходно Кристијано Јуниор играше за школата на Реал Мадрид, а во Јувентус се развива во вистинска гол-машина.

Синот на Роналдо неодамна наполни 10 години, а има завиден рекорд во дресот на Јувентус. Во 28 натпревари постигна вкупно 58 голови, а има и 18 асистенции.

Неодамна се појави и видео со компилација од најдобрите потези на Кристијано Јуниор, а според многумина, треба да биде вистински наследник на својот прославен татко.

 

- Оглас -

Најнови вести